Бериша во своето обраќање денеска на Парламентарната Асанблеа на ОБСЕ, која за прв пат се одржува во Албанија , со учество на претставници на 56 држави членки на оваа организација, нагласи дека на изборите во 2013 година треба да дојдат и набљудувачи на ОБСЕ за да го следат изборниот процес на парламентарните избори.
Претседателот на Парламентарната Асанблеа на ОБСЕ, Рикардо Миглиори нагласи дека Албанија има направено прогрес, но битен е претстојниот изборен процес.
Секретарот на Асанблеата, Ламберто Заниер беше подиректен во забелешките што ОБСЕ ги има за Албанија кога се во прашање изборите.
Тој подвлече дека Албанија треба да има нови стандарди за одржувањето на Парламентарните избори.
ОБСЕ деновиве во својот последен извештај за Албанија оцени дека во оваа земја се очекуваат мошне жестоки избори во 2013 година.