Мнозинство Австријанци е против отстапки на Грција во врска со долговите, се вели во анкета на Австриското друштво за европска политика.
Според анкетата, 58 отсто Австријанци се изјасниле против излегување на ЕУ во пресрет на Грција во врска со долговите.
Само 28 отсто се за задоволување на барањата на Грција.
Што се однесува до останувањето на Грција во еврозоната, Австријанците се со поделено мислење. Така, само 40 отсто се за останување, а 42 отсто се – против.
За споредба, во Германија во крајот на јануари 54 отсто Германци се за останување на Грција во еврозоната, а само 36 отсто – против.