Над три четвртини од службениците во Романија немаат познавање од АјТи технологија со што државата е на последно место во Европската унија според тој показател, објави романскиот весник Путерја.
Според најновиот извештај на Европската комисија, 77 отсто од работната сила во Романија има ниски или никакви познавања по АјТи, што е над двапати повеќе отколку просечното европско ниво од 32 отсто.
Освен тоа, само 7,7 отсто од Романците користат услуги на електронско банкарство, а само 17 отсто купуваат он-лајн.