Од вечерва на полноќ нова цена на горивата во Македонија

Од:

Се стабилизира цената на нафтата на светските берзи. Американската лесна нафта за испорака во арпил поскапи за 2 центи на берзата во Њујорк и денеска се продава по цена од 50,54 долари за барел.

Европската северноморска нафта од типот Брент за априлска испорака на берзата во Лондон се тргува за 60,73 долари што е за 29 центи поевтино во однос на вчерашниот ден.

Аналитичарите проценуваат дека официјалниот извештај за резервите на нафта на САД кој ќе биде објавен подоцна денеска и кој се однесува на неделата заклучно со 27 февруари ќе укаже на зголемување на резервите на нафта кај најголемиот светски потрошувач што ќе биде показател за слабата побарувачка.

„Ова ќе биде лоша вест за опоравувањето на цените“ – вели менаџерот на јапонски „Астмакс Инвестментс“ – Тетсу Емори.

Што се однесува до крајните потрошувачи, граѓаните, растот на резервите на нафта на светско нив, воопшто и не е лоша вест. Колку е помала побарувачката за овој енергенс, толку пониски ќе бидат и малопродажните цени се додека производителите не решат да го намалат производството.

За Македонија, следната корекција на цените треба да се случи наредниот понеделник. Иако цената на светските берзи е релативно стабилна, сепак во Македонија може да се очекува благо зголемување на малопродажните цени, имајќи предвид дека последната малопродажна цена е формирана кога цената на нафтата на берзата во Лоднон беше околу 58 долари, а денеска е близу 61. Оттука, поскапување на горивата за 2 до 3 денари не треба да биде никакви изненадување.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Поевтинуваат дел од горивата