(ВИДЕО) Шекеринска: Нашите ќерки и синови да живеат слободно

Од:

По традиционалниот Осмомартовскимарш под мотото „Кој род се: слободата, вистината, иднината“ се обрати и претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

„Денеска сме тука за да кажеме дека зад нас се многу успеси. Секако, како мажи и како жени. Зад се’, се сите оние мажи и жени кои се бореле за да можеме да гласаме, за да можеме да протестираме за да можеме политички, синдикално и на сите други начини да се организираме. За да можеме, кога работите ќе отидат таму кадешто не смеат, да кажеме: доста е!

И затоа денеска се овие три збора зад мене или зад нас. Денеска сме собрани и жени и мажи, им честитам и им благодарам на мажите за денешнава поддршка. За да кажеме дека бараме слобода, бараме да ни се врати слободата, со која граѓаните на Македонија одлучуваат што ќе биде со оваа држава, кој ќе ја раководии кој правец ќе го фати“, рече Шекеринска.

sekerinska-osmomartovskimars„Бараме да ни се врати слободата којашто очигледно некои луѓе ни ја зеле за да кажуваат кој ќе биде обвинител, за да диктираат судски пресуди. Сакаме да ни се врати слободата за да не можат некои човечиња да не праќаат во ендек.

Сакаме да ни се врати слободата за да не можат некои, коишто ја злоупотребиле довербата на граѓаните да не делат. Да не делат на „комуњари“ или на „Цигани“ или на „бездомници“ или на „безрбетници“. Не смеат веќе да не делат.

Почитувани граѓани, почитувани пријателки и пријатели, ја имаме во раце вистината. И таа вистина излезе на виделина. И таа вистина покажа дека кога граѓаните ќе чујат што им се случувало зад грбот ние повторно ќе ја вратиме нашата иднина, и како граѓани и како жени“, вели Радмила Шекеринска.

osmomartovskiMarsSDSM (7)

„Иднина во која ќе имаме шанси да одлучуваме за своето семејство. Иднина во која ќе имаме шанси за тоа кога и колку деца ќе имаме.

Иднина која ќе значи дека за иста работа жените ќе бидат подеднакво платени. Иднина во која нема да се плашиме од дискриминација и мобинг.

Иднина во којашто ќе знаеме дека без разлика на се ќе можеме рамо до рамо да седиме со своите колеги со своите пријатели, со своите другари.

Затоа тргнати сме во битка. Тргнати сме во битка во која секој ни е потребен. Ни требаат сите сојузници. И тие што се на улицава, и тие што се во зградите и тие што ќе не слушаат преку телевизиските екрани.

Еднаш покажавме дека држава може да направиме. Сега треба да покажеме дека државата може да ја спасиме. И во таа иднина ќе знаеме дека нашите ќерки и синови ќе живеат гордо во горда држава, слободно и без страв“, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните не се чуствуваат безбедни, Тошковски мора да си оди

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ