Претседателката на Косово Атифете Јахјага, по полгогодишната врска, склучи брак со Астрит Кучи, кој по професија е стоматолог.
Претседателката Јахјага беше критикувана во косовските медиуми дека нејзиниот партнер незаконски ужива привилегии, патување и присуство на средни на државните косовски делегации, како да е нејзин венчан сопруг.
Притоа беше споменуван и последниот случај, кога Кучи, како што пишуваа весниците на сметка на граѓаните на Косово заминал во Њујорк и присуствал на официјалните средби што ги имала косовската делегација на маргините на Генералното собрание на ОН.
Според медиумите таквата пракса е во спротивност со член 22 од Законот за протокол на државата, каде стои дека сопругот/сопругата може да имаат привилегии само доколку се во официјална брачна заедница со шефот на државата.