Излезе од печат третото издание на книгата „Никој не сака да биде плашило“

Од:

Во едицијата Балканска сатира излезе од печат третото издание на книгата со афоризми „Никој не сака да биде плашило“ од Миле Ѓорѓијоски.

Според рецезентот, српскиот сатиричар и хуморист Александар Чотриќ, Ѓорѓијоски пишува со голема енергија, волја и ентузијазам.

– Го красат оптимизам, елан и решителност, во секоја негова реченица се чувствува дека одлично ги разбира приликите и односите во општеството. Афоризмите на Ѓорѓијоски со минимум зборови и максимум мисли се квалитетен напредок на македонската кратка литературна форма, вели Чотриќ.

Авторот Миле Ѓорѓијоски е роден во Кичево, а трета деценија живее и твори во Делчево. Неговиот сатирично-хумористичен опус е богат и разноврсен. Автор е на осум книги со хумор, сатира и афоризми добитник е на повеќе домашни и странски награди, а од минатата година стана почесен член на Куќата на културата „Наџи Наман“ во Либан.

Третото издание на книгата е печатено во печатницата „Генекс„ во Кочани, а издаваќи се „Орион“ од Делчево и КУА „Артија“ од Параќин, Србија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска