Во воздушните напади на египетската војска, изведени во последните два дена, убиени се 25 исламски екстремисти во Северен Синај, пренесува Танјуг.
Во воздушните напади вчера погодени се две куќи јужно од градот Шеик Зувеид и убиени се 10 екстремисти и најмалку 14 се повредени на египетскиот дел на Синајскиот полуостров.
Ден претходно, 15 екстремисти се убиени откако се погодени три куќи во воздушните напади, јужно од Шеик Зувеида.