Одложено судењето на тинејџерот обвинет за навреда на Ердоган

Од:

Судењето на 16-годишното момче кое е обвинето за навреда на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, е одложено за 3. април, по само 15 минути од почетокот, откако адвокатите на обвинетиот побараа изземање на судијата.

Тинејџерот Мехмет Емин Алтинсес беше уапсен лани во декември во текот на училишен час, затоа што на еден протест во централната турска провинција Конија изјавил дека Ердоган е „шеф на грабежот, митото и корупцијата“.

Доколку биде поргласен за виновен, Алтинсес може да заработи казна затвор во траење до четири години.

Судењето на Алтинсес, кое започна вчера, привлече голем публицитет во турската и меѓународната јавност и наиде на остри критики од целиот свет.

За навреда на Ердоган судски процес се води и против поранешната „Мис на Турција“, Мерви Бујуксарач, затоа што на својот профил на Истраграм таа објави сатирична обработака на турската химна, со која се алудира на корупција на членови на семејството на турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ