Најмалку едно лице е убиено кога американски турист отворил оган во хотел во израелското одморалиште Еилат, а потоа се затворил во соба.
Како пренесува АП, туристот зел пиштол од обезбедувањето во хотелот и убил еден од вработените. Мотивот за нападот не е познат.
Полицијата го опколила хотелот, а напаѓачот и понатаму се крие во една од собите.