Нишани: Албанија сака да ја дознае вистината за илегалната трговија со човечки органи

Од:

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани изјави дека албанскиот народ, повеќе од сите други, сака успешно да заврши истрагата за илегалната трговија на човечки органи.извештајот на Дик Марти за киднапирањето и илегалната трговија со човечки органи.

„Повеќе од сите сме заинтересирани да се дознае вистината за тоа“, рече Нишани на синоќешната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа .

Тој истакна дека Тирана има целосна доверба во специјалниот истражен тим на ЕУЛЕКС, кој ги испитува наводите на Дик Марти, дека за време на војната во Косово во 1999-та и 2000-та од заробениците биле земани органи и продавани на илегалниот пазар.

Нишани овие зборови ги поткрепи и со податокот дека во Албанија е изгласан закон со кој на истражниот тим, предводен од Клинт Вилијамсон, му се даваат сите овластувања на нејзина територија, самостојно да спроведува истрага.

Нишани се заложи и за што побрз прием на Косово во Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски