Грчката полиција во текот на вчерашниот ден кај месноста Лорида откри половина тон марихуана за која се претпоставува дека е со албанско потекло.
Марихуаната била скриена во возило со грчки регистарски таблички, а уапсени се грчки и албански државјанин.
Двете лица се задржани во притвор а се спроведува детална истрага поради можноста да станува збор за организирана трговија со дрога.
Количините албанска марихуана која е запленета последниве месец дена од страна на албанската, грчката и италијанската полиција, се мерат на неколку десетици тони.