Сито 18 ученици кои вчера останаа затрупани под училиштето во југозападната планинска област во Кина, загинаа. Едно лице се води како исчезнато.
Спасувачкиот тим утринава го пронајде и последниот 18-то дете, 18 часа откако одронот го затрупа основното училиште, три фармерски куќи, а оштети уште шест куќи во селото Џенхе, во провинцијата Јунан, пренесува АП.
Селото е во регионот кој најтешко беше погоден во земјотресот од 5.6 степени минатиот месец кога загинаа 80 луѓе, 820 беа повредени.
Многумина по несреќата се запрашаа зошто по земјотресот не биле зајакнати мерките за безбедност, особено околу објектите како што се училиштата.