Јапонија воведува разузнавачка служба во својот безбедносен систем

Од:

Јапонија го разгледува прашањето за воведување разузнавачка служба кон странство по урнекот на британската агенција МИ6, велат пратениците од владеачката Либерално-демократска партија (ЛДП), 70 година откако победниците во Втората светска војна го расформирале злогласниот јапонски воен разузнавачки систем.

Новата разузнавачка агенција за странство би била составен дел од безбедносната рамка што ја гради премиерот Шинзо Абе, инсистирајќи на измени во уставните ограничувања за прашањата на воените операции во странство.

Идејата расцепканата разузнавачка заедница во Јапонија да се реформира доби свој поттик после убиството на двајцата јапонски заробеници што го изведе екстремната џихадистичка организација Исламска држава во Сирија на почетокот на годината, кога се виде колку Токио зависи од пријателските земји кога се во прашање безбедносните информации.

Абе веќе формира Национален безбедносен совет по урнекот на американската Национална безбедносна агенција (НСА) и донесе строг закон за државни тајни, а сега работи на законите за укинување на забраната на остварување права од колетивната самоодбрана или на давање воена помош на сојузник кој е нападнат.

– За да станеме ‘нормална земја’ од клучно значење е да имаме разузнавачка агенција, изјави професорот на универзитетот Такушоку, Такаши Каваками.

Пратениците од партијата на Абе се надеваат дека до есен ќе направат предлог закон, особено по посетата на Велика Британија, чија разузнавачка служба кон надвор – МИ6 е можниот модел.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови