Силен дожд и снег ја зафати Црна Гора, поплави по јадранскиот брег

Од:

Црна Гора е затрупана од снег, по јадранското крајбрежје врне силен дожд, поради што некои патишта се затрупани од активираните свлечишта и движењето во овие делници е во прекин, соопшти црногорската полиција.

Повеќе населби и села во северниот дел на земјата остнаа без електрична енергија.

Заради снегот забрането е движењето на камиони во поголем дел од земјата. Патот кон границата со Босна и Херцеговина е затворен за сите категории превозни средства.

Во текот на последните два дена на територијата на Херцег Нови наврнаа 135 литри дожд на квадратен метар и има поплавени куќи.

Силен дожд врне и  во Подгорица, Никшиќ и Цетиње, а во северниот дел на земјата паѓа снег. Снежната покривка во скијачкиот центар Жабљак, што до неодамна надминуваше еден метар, сега се зголеми за уште половина метар. Нов снег падна и во Колашин, Бијело Поље, Плевље, Беране, Плав и Рожаје.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот