Аргентинскиот иследник Алберто Нисман бил убиен

Од:

Една независна екипа од аргентински форензичари и правни експерти која ги испитуваше наодите на официјалната истрага за смрта на Алберто Нисман, утврди дека специјалниот иследник бил убиен, соопшти на прес конференција во Буенос Аирес неговата поранешна сопруга, Сандра Аројо Салгадо.

Според неа, ваквиот заклучок е донесен по анализата, што независните експерти ја направиле на резултатите од аутопсијата и на форензичките докази што ги обезедила полицијата.

„Овие наоди покажуваат дека се неодржливи и без основа тезите на формалната истрага за тоа дека Нисман се самоубил, или дека умрел, како последица на несреќен случај„-изјави Салгадо.

Таа и самата е угледен правник и федерален судија во Аргентина,па рече дека наодите од независните испитувања,им ги ставила на располагање на аргентинското обвинителство и на судијата,вклучени во службената истрага.

Алберто Нисман на 18 јануари, беше најден мртов во својот стан во Буенос Ајрес,само десетина часови пред да сведочи пред Комисијата за безбедност во аргентинскиот Конгрес (Парламентот), против претседателката Кристина Фернадез де Кирхнер.

Нисман раководеше со истрагата за терористичкиот напад врз Еврејскиот центар, во аргентискиот главен град,во 1994 година,во кој беа убиени 85 лица.

Неколку денови пред да биде најден мртов,со куршум во главата,Нисман јавно ја обвини Кирхнер дека ги прикривала доказите за иранската вмешаност во нападот.

Салгадо изрази несогласување со решението на властите да не им се овозможи пристап на членовите на семејството на Нисман,до наодите од аутопсијата,иако на тоа имаат право,според аргентинските закони,но семејството на иследникот веќе соопшти дека нама да бара нова аутопсија.

Презентирањето на наодите од независната експертиза за смрта на иследникот Нисман,доаѓа само еден ден по жалбата што ја вложи државниот обвинител,на пресудата на еден федерален судија,кој го отфрли обвинувањето против претседателката Кирхнер и го затвори случајот.

Кирхнер ги отфрла обвинувањата на исладникот Нисман и тврди дека му се „подметнати од тајната служба„ за да истрагата за терористичкиот напад се насочи против актуелниот претседател и владата.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ