Американскиот претседател Барак Обама започна политичка офанзива, откако според општата оценка изгуби во ТВ дуелот со противкандидатот Мит Ромни.
Обама во предизборниот собир во Денвер ја побара „вистината од Мит Ромни“.
„Ако сакаш да бидеш претседател му ја должиш вистината на американскиот народ“, рече Обама пред 12 илјади поддржувачи и додаде дека Ромни не говорел искрено за својата даночна политика.
„Вистинскиот Ромни во последната година ширум земјата ветуваше дека на богатите ќе им ги намали даниците. Оној кој беше спроти мене на дебатата, вели дека не знае ништо за тоа“, рече Обама.
Актуелниот претседател како неискреност во ставовите на Ромни ги наведе и неговите ставови за образованието.
„Ромни рече дека ги сака учителите, а претходно говореше дека немаме потреба од толкав број професори“, изјави Обама.
Според истражувањето на Ројтерс и Ипсос, Ромни со добриот настап на дебатата доби поени од бирачкото тело.
Републиканскиот кандидат, успеа во очите на бирачите да го престигне Обама по прашањето за напредокот на екомонијата, смалувањето на буџетскиот дефицит и отворањето на нови работни места.
Сепак Обама и понатаму води со 49 наспроти 46% кога се поставува прашањето за кого би гласале анкетираните.