Пендаровски: Меѓународниот фактор ја поддржува опозицијата

Од:

На вечерачашна трибина „Крик за демократијата“ организирана од општинската организација на жени од Струмица, Стево Пендаровски кажа дека Македонија е пред најтешкиот предизвик.

„Овие од власта оставка нема да дадат, затоа што немаат образ. Знаат дека губењето на власта ќе значи затвор за нив. Комплетната машинерија е спрегната да го осуди Зоран Заев, но тоа нема да им успее“, рече Пендаровски.

Како што рече тој, во Македонија нема институции бидејќи, јавниот обвинител е измеќар, а судиите се слуги на двајца луѓе во Македонија.

Оваа криза може да има само политичка разрешница.

„За 3 до 6 месеци преодна влада треба да подготви терен за нови фер избори. На опозицијата не и е ни на крај памет на разрешница со крв бидејќи тоа тие можат да го направат. Сакам да ви кажам дека сите значајни меѓународни фактори во овој момент ја подржуваат опозицијата, не затоа што не сакаат, туку аргументите ни се исправни“, рече Пендаровски.

Но посочи дека работата нема да ја завршат странците туку ние самите, со бомбите ќе се оди до крај.

СДСМ не се нагодува со ДУИ, рече, бидејќи тие биле и се дел од истата тајфа.

Честитајќи го празникот на жената, посочи дека ниту една работа во државата не може да се реши без жената.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците