Турција го прекина гранатирањето на Сирија

Од:

По првиот противудар непосредно по сирискиот напад, турската армија во четвртокот во рана зора го продолжи гранатирањето.

Жителите на Акчакале, каде што пет лица загинаа, а десет беа ранети, потврдија за Франс прес дека турските топови распоредени долж сириската граница го прекинале огнот.

На мета на турските војници беше подрачјето околу граничниот премин Тал-ал Абиад, каде што се распоредени сили приврзани на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Според информациите на Сириската опсерваторија за човекови права, во турскиот атак загинале повеќе сириски војници.

Турскиот парламент денеска прифати документ со кој им се одобрува на турските сили воено да интервенираат во Сирија, но владата во Анкара тврди дека не сака војна со соседот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски