Во поплавите во Танзанија загинаа најмалку 50 лица

Од:

Најмалку 50 лица загинал, а повеќе десетици се повредени во поплави предизвикани од обилни дождови на северозапад во Танзанија, соопштија локални официјални лица.

Како што пренесе „Франс прес“ обилен дожд и силен ветер синоќа го зафатиле округот Кахама, при што до сега е потврдено дека има најмалку 50 жртви од кои некои се пронајдени на улиците, а некои починале во болниците.

Официјалните лица проценуваат дека вкупно 3.500 лица на северозапад на Танзанија се зафатени со овие поплави.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите