Командантот на американската војска за Пацифик, генерал Винцент Брукс изрази загриженост поради се поголемиот домет и прецизност на севернокорејските проектили.
Тој во Вашингтон изјави дека е тешко да се процени способноста на Северна Кореја своите ракетни системи да ги опремува со нуклеарни глави, но дека се поголемиот домет на тие проектили станува физичка закана за територијата на САД.
Брукс оцени дека американските воени сили треба да останат во приправност, но и САД да бидат подготвени за дијалог доколку се отвори простор за дипломатија.
Северна Кореја во понеделник испали два балистички проектили со краток домет во море и предупреди дека ќе следат „немилосрдни удари“, додека вооружените сили на САД и Јужна Кореја ги изведуваа редовните годишни заеднички маневри.
Според Брукс токму поради заканите од Северна Кореја не постои алтернатива за воени вежби.
Е.Г.