Аргентинскиот државен обвинител против ослободителната „пресуда“ за претседателот Кирхнер

Од:

Аргентинскиот обвинител Герардо Поликита вложи жалба на одлуката на еден федерален судија кој ги отфрли обвинувањата против претседателот Кристина Фернандез де Кирхнер,што ги поднесе, сега починатиот, специјален иследник Алберто Нисман.

Обвинителот Поликита изјави дека одлуката на федералниот судија,да ги отфрли обвинувањата и да го затвори случајот, се „избрзани и преуранети“.

Нисман кој беше најден мртов под мистериозни околности, почина само десетина часови пред да се појави како сведок пред парламентарната Комисија за безбедност околу обвинувањата против претседателката Кирхнер. Според Нисман, кој го испитуваше терористичкиот напад врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес, од 1994 година, аргентинската претседателка ја прикривала вмешаноста на високи ирански функционери во нападот во кој беа убиени 85 лица, а други 200 беа повредени.

Федералниот судија Даниел Рафекас ги отфрли ваквите обвинувања на Нисман, заклучувајќи дека специјалниот иследник за нападот во својот извештај од 350 страници „не нуди ниту еден доказ“ против аргентинската претседателка.

Кирхнер уште претходно ги отфрли како неточни сите обвинувања против неа,но мистериозната смрт на Нисман, избрзаната одлука на судијата Рафекас да го затвори случајот и сегашното решение на државниот обвинител да поднесе жалба, уште повеќе ќе ја продлабочат кризата во Аргентина.

За Нисман се уште не се знае дали неговата смрт е убиство или станува збор за самоубиство, како што тоа првично беше соопштено.

Во аргентинската јавност, малкумина веруваат дека иследникот самиот си го одзел животот, а во таа верзија не верува ниту претседателот Кирхнер, која на неколкупати го менуваше мислењето за целиот случај, предизвикувајќи повеќе масовни протести во земјата, во кои демонстрантите ја бараа вистината за терористичкиот напад од пред 20 години и правда за Нисман.

Кристина Кирхнер во своето последно излагање во Конгресот, ја обвини тајната служба дека намерно му доставувала „лажни информации“ за терористичкиот напад за да се обвини претседателката, па нареди расформирање на разузнавачката агенција и формирање на нова служба.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ