СДСМ: Дали денеска зборуваше онаа Јанкуловска која го смета Груевски за „забеган“

Од:

Која Гордана Јанкулоска денеска зборуваше:

-Јанкулоска која смета дека состојбата во државата е „идиотска“, а Груевски е „забеган“ бидејќи троши милиони евра за споменици и укоричува книги со злато, додека полицајците се покриваат со ќебиња од ЈНА и се радуваат на плочки во тоалети?

– Или Јанкулоска која е принудена да гледа „историски пресврт“ за време на Владата на Никола Груевски?

-Или можеби Јанкулоска за која „идиотската“ состојба во државата е “историски пресврт“?

Која од овие Гордани најавува правна разрешница?

Таа која мести кај обвинителот Зврлевски отфрлување кривична пријава за својот соработник Ставрески?

Таа која унапредува послушни судии?

Таа под чија палка полицијата “шутира“ граѓани?

Или таа која брка неистомисленици од работа, до желба, да се “сотрат“?

Гордана Јанкулоска како и нејзиниот близок соработник Зоран Ставрески со кого зад камерите се согласуваат дека состојбата во Македонија е “трагедија“, пред камерите имаше историска можност да се извини на граѓаните и да си даде оставка.

И тоа би бил вистински “историски пресврт“ за којшто денеска зборуваше со половина уста. Таа можност и е сеуште отворена, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците