Зошто Западот е фин кон авторитарен Египет?

Од:

Си-Би-Си њуз

Пред неколку недели од Швајцарија, Џон Бејрд твитна фотографија од него како насмеан се поздравува со некој низок невпечатлив човек, кој изгледаше изненаден и обземен од нешто друго во просторијата.

– Беше одлично синоќа на вечерата и разговорите со претседателот Ел Сиси, поентираше Бејрд, кој тогаш беше се уште канадски министер за надворешни работи.

Неколку дена претходно, во Египет почна процедура за ослободување на канадски новинар и Бејрд го поздрави владеењето на Абдел Фатах ел-Сиси, поранешниот египетски највисок генерал кој ја искористи војската за да ја преземе власта во 2013 година.

-Лично ја поздравувам цврстата подршка од Канада за новата влада на Египет и транизицјата на земјата во демократија,и почитување на човековите права и владеењето на правото, рече Бејрд.

Неколку други запани влади, меѓу кои и владата на САД, имаат сличи пофалби за режимот на ел-Сси. Бејрд беше само најразнежнетиот.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, рече дека ел-Сиси „дава многу уверливо чувство за неговата заложба за човековите права“.

А американски, британски и европски високи претставници едвај можат да го спомнат Египет без да ја спомнат фразата „демократска транзиција“, нешто што таму баш и не е очигледно.

Она што дипломатите изоставија да го спомнат е масакрот на околу илјада души од страна на трупите на ел-Сиси на плоштадот Раба во Каиро, пред 18 месеци.

Повеќето западни влади тогаш дигнаа џева (иако млаките изјави од Канада изгледаше како подеднакво да ја фрлаат вината и врз испотепаните демонстранти). Но никој сега не сака да се сеќава на таа епизода.

Силни обвинувања

Исто така денес се игнорирани десетици илјади египќани кои исчезнаа во египетските затвори, каде ентузијастичките чувари ги тераат на тешка работа, несвесни за наводните заложби на ел-Сиси за човековите права.

Странските лидери избираат да не ги изнесуваат растурањата на стотици цивилни домови и присилното преселување на станарите во близина на границата со Израел на полуостровот Синај – намерно, за да се органиизира лов на исламските милитанти – или како жестока репресија од страна на режимот за секој даден отпор, па дури и слободно кажан збор.

Овие детали, несреќни и тажни колку што можат да бидат, се севкупно секундарни во „враќањето на стабилноста“ во Египет, како што го нарече тоа канадскиот премиер Стивен Харпер.

Како што напиша британскиот истражувачки новинар Том Стивенсон во неговата неодамнешна сторија за тајните затвори во Египет: „Изгледа западот не гледа никакви контрадикторности во поддршката на `стабилноста` на режимот на ел-Сиси, во време кога египетското население страда од екстремна нестабилност која доаѓа од масовните апсења и тортурата“.

Стивенсон, кој известува од Каиро за Лондон ривју оф букс, е храбар репортер, но подобро е да си го чува грбот.

Мухамед Фахми, египетско-канадскиот новинар кој работи за англискиот сервис на Ал Џезира, беше неизненаден од споредбата затоа што минал месеци во египетски затвори, а можеби ќе остане таму и уште.

Пофалбата на Бејрд на ел-Сиси и ветувањето на Канада за милиони во помош за Египет, на Фахми не му донесоа ништо освен ново судење.

Врв во затворите

Стивенсон има големо искуство во Каиро. Неговите извештаи откриваат дека безбедносните органи на Египет изградиле застрашувачка, тајна мрежа на затвори за да се сместат огромниот број притворени луѓе.

Стивенсон вели дека за Египет овој резултат е „врв во бројот на граѓани во казнени установи, неспоредливо со било што слично во историјата на земјата“.

Забелешката на Стивенсон не е изолирана: органзиации како Хјуман рајтс воч (чии претставници беа протерани од Египет) и Амнести интернешенел, имаат документирани докази за прекршувања на човековите права и за тортури.

Но Стивенсон всушност го набројува и лоцира она што тој го нарекува „црни затвори“.

Тој набројува палета на тортури, вклучувајќи електрошокови, полевање со ледена вода, употреба на врела вода и врело масло, тепање, врзување и силување, и напикани затвореници во безводушни неподносливи топли ќелии, каде не можат ниту да мрднат, а да не зборуваме да спијат или да станат да одат по физиолошка потреба.

Стивенсон вели дека понекогаш мачителите не поставуваат прашања. Тој го нарекува ова „мачење заради рекреација“.

Заапдните влади одвреме навреме се жалеа заради овие прекршувања, посебно по воениот удар во 2013 година.

Но кога ел-Сиси морфираше од највисок генерал во претседател една година подоцна, по едни диви едностарни избори, резервираноста на западот воглавно исчезна.

САД продолжија со доставата на напаѓачки хеликоптери и друга воена помош. А Бејрд аплаудира на обидите на ел-Сиси „да се спротивстави на терористичките чинови извршени од Муслиманското братство“.

Владата повторно ги забрани и масовно апсеше нивни членови. Отрфлениот поранешен претседател Мухамед Морси останува затвореник во затворот Борг ал Араб.

Но ел-Сиси не застанува тука. Неговата влада тргна против активисти за работнички права, и писатели и академици. Неговите војници окупираат универзитети.

Стивенсон вели дека секој кој ќе прозбори „се смета за бунтовник и армијата стапува на дело“.

Се е заради Иран

Во јануари, трупите на ел-Сиси отворија оган врз демонстранти кои ја одбележуваа четвртата годишнина од кратковечната револуција со која беше отфрлен поранешниот диктатор Хосни Мубарак. Тогаш убија најмалку 23 луѓе.

Во меѓувреме, египетските судови ги отфрлија или не ги прифатија криминалните обвиненија за Мубарак.

Фери де Керкчове, поранешен канадски амбасадор во Египет, се смее на самата идеја дека човековите права во Египет имаат некоја важност за западот.

– Никому не му е гајле, вели тој. Тој вели дека од највисока важност е да се држи братството разнебитено, да се почитува мировниот договор со Израел, и да поддржува секаков договор помеѓу западот и Иран, за да ги намали своите нуклеарни амбиции.

Есенцијално е Саудиска Арабија и Египет да не се противат на таквиот договор, вели де Керкчове.„Зошто да му го претвораат животот на ел-Сиси во пеколен додека го прават тоа? Човековите права се комплетни исфрелни од темата“.

И така милијарди долари се влеваат како помош. Исто како и европски инвестиции.

Во меѓувреме, Стивен Харпер рече дека египетската „транзиција кон демократија“ иако е се разбира пожелна, не треба да се спречува затоа што би дојде до ризик „силите од улиците да излезат од контрола“.

По се, тој во говор во Тел Авив минатата година, рече дека избраниот претходник на ел-Сиси поткленал во користењето на елементи од демократијата, односно изборната победа, за да создаде „авторитарна исламска држава“.

Па добро, сега барем не е повеќе исламска.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски