Колумбија заплени кинески товарен брод поради илегален транспорт на оружје

Од:

Колумбиските власти соопштија дека заплениле товарен брод што пловел под кинеско знаме, откако на него е откриено големо количество оружје.

Бродот е натоварен во Куба, а запленувањето било извршено во текот на изминатиот викенд, кај колумбиското пристаниште Картагена,на брегот на Карипското Море.

Полицијата го уапсила капетанот на бродот Ву Хонг затоа што илегално пренесувал оружје,муниција и експлозив.

Во официјалните документи на бродот било запишано дека превезува житарки, но по деталниот претрес полицијата открила 100 тони барут, три милиони парчиња детонатори и околу три илјади топовски гранати.

Директорот на колумбиското државно обвинителство, Луис Гонзалес изјави дека кинескиот капетан ќе биде обвинет за шверц на оружје.

Според обвинителството во Богота, колумбиската полиција го претресувала бродот 48 часа, пред да се даде налог за апсење и затворање на капетанот Ву Хонг.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени