Состојба на патиштата

Од:

Според информациите добиени во АМСМ од ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.

Од истата компанија известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за Изградба и инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, на делницата Велес – Градско во двата правци, од 03.03.2015 ќе се започне со геодетско снимање, за кое ќе се воведе времена измена на режим на сообраќај и ќе трае до 06.03.2015.

Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај ќе биде поставена 24 часа на траса.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Според известувањето од ИРД Енгинееринг од 10-ти февруари 2015 година, започнуваат работи на мостот А1-69Л, на автопатот А1 (Е75), делница Велес -Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
– од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Учесниците во сообраќајот треба да се придржуваат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

На 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Потсетување за сите возачи на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска