СДСМ: Пријавите ги поднесовме во Јавното обвинителство, а не во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се најде повикана да реагира за поднесување на кривични пријави кои се во сферата на правото и правосудството.

Скандалозно е тоа што Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ оценува дали поднесените кривични пријави се основани или неосновани.

СДСМ пријавите ги поднесе во Јавното обвинителство, а не во ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа ВМРО-ДПМНЕ ја знае содржината на пријавите веднаш по поднесувањето?

ВМРО-ДПМНЕ со Јавното обвинителство функционира како еден орган.

Објавувањето на вистината за Македонија покажа дека криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина негови соработници е директно поврзано со спрега на релација власт – судство.

Целата јавност во Македонија се увери како Груевски и Мијалков, со неколкумина соработници местат судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, претседатели на судови.

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ сето тоа го потврди со нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците