Силувач од Индија, осуден на смртна казна, ја обвини жртвата што се спротивставувала

Од:

Еден од петте мажи обвинети за групно силување и убиство на 23-годишна индиска студентка во Њу Делхи во 2012 година, изјави дека жртвата не би била убиена да не се спротивставувала.

– Наместо тоа, таа требаше да молчи и да дозволи да се изврши нападот, рече Мукеш Синг, кој го возел автобусот во кој младата жена брутално е нападната.

Синг, кој за злосторството е осуден на смртна казна, рече во интервју за документарец што во недела, на 8 март, на Денот на жената ќе биде емитуван на Би-би-си, и оти жртвата не требало да излегува навечер.

– Чесна девојка не шета надвор во девет часот навечер. Девојката има далеку поголема вина ако се случи силување, отколку момче. Само околу 20 проценти од девојките се добри, рече тој.

Тој додаде и дека поради неговото погубување, „идните жртви на силување ќе бидат во уште поголема опасност. Сега кога некој силува девојка, нема да ја пушти како што ние тоа го сторивме, туку ќе ја убие“.

Студентката е нападната на 16 декември 2012 година, додека со пријателот се враќала од кино, а по бруталното силување е исфрлена од автобусот во движење, по што починала во болница 13 дена по нападот.

Пред нејзината смрт полицијата успеа да истражи за злосторството, чија бруталност го шокираше светот и предизвика масовни протести во Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати