А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Усна царинска декларација за мали пратки до 800 евра

by А1он03/03/2015 - 13:44276
Share0

Царинската управа од денеска започнува кампања со цел да ги информира граѓаните за можноста за поднесување усна царинска декларација, без дополнителни трошоци за шпедитерски услуги.

Добивај вести на вибер

За таа цел се изработени брошури на македонски и албански јазик и видео спот во кои се содржани сите потребни информации за искористување на оваа можност.

Усна царинска декларација може да поднесе секое правно или физичко лице и оваа декларација се однесува за мали пратки нарачани преку интернет, испратени по регуларна или брза пошта од странско на домашно физичко лице во вредност до 800 евра и тешки до илјада килограми. Граѓаните можат да ја искористат оваа можност на тој начин што веднаш откако превозникот ќе ги извести дека е пристигната пратката и дека треба да се спроведе царинска постапка, треба да се изјаснат дека сакаат да поднесат усна царинска декларација.

– Не станува збор за новина во работењето, туку за можност која постои, но за која увидовме дека граѓаните не се доволно информирани. Поднесувањето на усна царинска декларација не значи ослободување од плаќање царински и други давачки. Со поднесувањето на усната царинска декларација се избегнуваат шпедитерските трошоци што ги пресметуваат т.н. брзи пошти за поднесување царинска декларација во писмена форма, истакна денеска на прес-конференција директорката на Царинската управа Наташа Радеска Крстевска.

Повеќе информации граѓаните може да најдат на интернет-страницата на Царинската управа или на телефонот 02 3 116 188.

carina

Би можело да ве интересира

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Горан Наумовски02/04/2026 - 17:56

Царина: Oткриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

А1он28/03/2026 - 08:11

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Катерина Ѓуровски13/01/2026 - 11:25

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ31/12/2025 - 22:5031/12/2025 - 22:53

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Горан Наумовски31/12/2025 - 12:16

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он14/07/2025 - 15:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто