Полициска акција во Гостивар за вмешаност во акцијата „Чекан“

Од:

Во акција на Секторот за организиран криминал синоќа во Гостивар уапсени се повеќе лица. Според првичните информации, меѓу нив има полицајци од кои еден е поранешен командир на гостиварската полициска станица.

Од МВР потврдуваат дека спровеле акција и оти има приведени, но не откриваат за кого точно станува збор и зошто се осомничени. Повеќе детали најавуваат за денеска.

Според првичните информации, станува збор за лица кои се вмешани во активности поврзани со неодамна спроведената акција „Чекан”. Тогаш беа приведени нотари, лихвари и извршители, осомничени за „злосторничко здружување”, „изнуда”, „лихварство” и „перење пари, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски