Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „14 часа“.
Низ синџир од 12 сцени, преку ликовите на Лили и Марк, ова современо балетско дело ги прикажува женско-машките односи. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решене се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.
Играат Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили (Грузија), Мирослав Митрашиновќ, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, Гиорги Беридзе (Грузија).