Едно лице загина, а четворица други, вклучувајќи и полицаец, се ранети во експлозија на бомба во близина на Врховниот суд на Каиро, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила во фреквентно време во преполн кварт на Каиро.
Засега не е познато дали нападот бил насочен против полицајците, кои се стоеле во близина на Судот.
Во моментот на експлозијата во зградата се наоѓал главниот обвинител, кој потоа заминал на местото на несреќата.
Две лица загинаа доцна синоќа во експлозија на бомба, поставена крај полициска станица во градот Асуан.