Собранието донесе законски измени од повеќе сфери

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево, во рамки на 37. седница, ги донесе измените и дополнувањата на законите за шуми, за безбедност на храната за животни и за шумарска и ловна инспекција, како и дополнувањата на законите за ловство и за Државниот инпекторат за земјоделство.

Пратениците им дадоа поддршка и на измените и дополнувањата на законите за просветна инспекција, за работни односи, за инспекција на труд, за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и за социјална заштита.

Собранието на седницата ги разгледа и измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа, како и на Законот за иновациска дејност, по што констатира дека можат да се дадат на натамошно, второ читање.

Како што беше речено во текот на расправата, со измените и дополнувањата на Законот за иновациска дејност освен што се допрецизираат постојните одредби, се предвидува и ангажирање лица кои ќе му помагаат на Фондот при изборот на компаниите кои ќе аплицираат за средства.

Целта е помагање на физички лица кои првпат сакаат да формираат трговско друштво и обезбедување инвестициска, едукативна и логистичка поддршкана за правни лица.

– Со измените ќе се подигне нивото на работење на Фондот, ќе се институционализира ангажирањето на стручни лица со што ќе се зголеми транспарентноста при доделувањето грантови, а тоа ќе ги разбие фамите дека средства се добиваат по некакви непознати патишта или се даваат на некомпетентни луѓе. Воедно, ќе се зголеми и иновациската активност воопшто што е од големо знчање за државата, рече пратеникот Андон Чибишев.

Седницата, како што најави претседателот на Собранието Трајко Вељноски, ќе продолќи утре.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски