Во Црна Гора има 55 регистрирани политички партии, од кои 43 се активни и поднеле финансиски извештај за својата работа за минатата година, јави хрватската агенција ХИНА.
Имјаќи пред вид дека Црна Гора има помалку од 500.000 избирачи, произледува дека земјата има најмногу партии по глава на жител во балканскиот регион.
Оваа бројка наскоро би можела и да се зголеми, бидејќи во најава е формирање на уште неколку нови политички субјекти во земјата.
По се изгледа формирањето политичка партија во Црна Гора е профитабилна работа. Тоа е единственото логичко објаснување на последните случувања и поделбите во некои политички партии, до кои дојде како последица на лични суети и амбиции, оценуваат политичките аналитичари во Подгорица.
Според официјалните статиситчки податоци, активните црногорски политички партии вкупно имале средства од речиси пет милиони евра, што е на ниво од 0,9 отсто од Буџетот на Црна Гора.