Минатата ноќ изгореа православни гробишта во јужниот дел на Косовска Митровица.
Густиот чад може да се види на северната страна на реката Ибар, во српскиот дел.
На православните гробишта во јужниот дел на Косовска Митровица, Србите биле закопувани до почетокот на вооружениот конфликт во 1999 година. Од тогаш се погребуваат во селските гробишта во Рудар во Звечан.
До денес на гробиштата е уништена капелата, како и повеќе од 80 проценти од спомениците кои се растурени и осквернавени,пренесува Телеграф.
Со гробиштата е одземено сè од што може да се заработи, бронзата, метални огради, мермерни плочи , а речиси и да нема споменици.