Никола Саркози изјавил дека „нема друг избор“ освен да се бори за реизбирање на претседателските избори во Франција во 2017 година, пишува францускиот неделник „Канар аншене“.
По поразот на изборите во мај тој изјави дека се откажува од политиката.
– Со оглед на катастрофалната состојба, во која Франција најверојатно ќе западне по пет години, ќе немам друг избор во 2017 година, му рекол тој на некогашниот советник и поранешен министер за земјоделство Бруно ле Мер, додаде неделникот.
– Прашањето не е дали ќе се вратам, туку дали – ако имам таков избор – ќе биде морално да не се вратам, рекол Саркози.
Ле Мер одби да даде коментар за изјавата на Саркози.