Маж и жена за кои се претпоставува дека се најстариот брачен пар во Њујорк, заедно имаат 212 години.
Дирано Вејар денеска го прослави својот 108 роденден, додека неговата сопруга Жан во мај ќе наполни 106 години.
Брачниот пар, кој потекнува од Хаити славеше денеска во нивниот дом во Спринг воли, кој го делат со ќерката.
Дирано и Жан во САД се доселиле во 1968 година, каде ги одгледале своите пет деца. Дирано работел како медицински техничар во лабораторија на една болница.
Тие се во брак 82 години.