Челик: Турција не сака војна

Од:

Турција не сака војна, а тежнее кон мир и стабилност во регионот, изјави денеска заменик-претседателот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Омер Челик пред почетокот на вондредната седница на Парламентот.

Седницата, на која ќе се расправа дали да и даде мандат на армијата за трансгранични операции во Сирија, ќе се одржи зад затворени врати

– Од гледна точка на националните интереси на Турција неправилно е мандатот на армијата за трансгранични операции во Сирија да се сфати како водење на војна. Сирија ни го нарушува суверенитетот, а мандатот на армијата има за цел да дејствува против таквата закана, наведе Челик.

Тој апелираше до турските граѓани да не стравуваат и да имат единствен став за прашањето“. Челик посочи дека сите политички партии во Турција треба да го поддржат мандатот на армијата за трансгранична операција.

Лидерот на најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Кемал Калачдароглу истакна дека Турција треба разумно да дејствува.

Турскиот весник „Јени шафак“ објави дека ЦХП планира да не го поддржи предлогот на Владата за давање на мандат на армијата за трансгранична операција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски