Кина: Не твитај за мене, Аргентина

Од:

Ал Џезира – Доха

Аргентинската претседателка Кристина Фернандез де Киршнер уште еднаш се појави на насловните страни, овој пат поради непримерни коментари на Твитер за наводни проблеми кои Кинезите ги имаат при изговор на одредени гласови. Секој кој ги познава барем основите на азиската култура би бил свесен за значењето на поимите образ и чест и потреба гостите да искажат длабоко почитување кон своите домаќини, посебно ако се работи за Кина.

Нејзината опширна критика, која ја изнесе на посебно заседание на Советот на безбедност на Обединетите нации, ги налути светските лидери, пред се американскиот претседател Барак Обама, кој како претседавач на заседанието мораше да ги потсети своите колеги дека мора да водат сметка да го почитуваат временското ограничување. Аргентинската претседателка исто така се најде на удар на критики поради честите непредвидливи бомбастични испади во татковината и разгорување на контроверзи, една по друга.

Со оглед на тоа дека на сцена повеќе нема харизматични лидери како што се Лула де Силва од Бразил и Уго Чавез од Венецуела, аргентинската претседателка на себе ја презема улогата на популистичко-левичарската политика во Јужна Америка. Меѓутоа, дипломатскиот гаф, кој предизвика динамични одговори ширум кинеската енергична и во се поголема мера националистичка виртуелна јавна сфера, се стреми да сокрие една пофундаментална трансформација во глобалната политика, појава дека Кина станува незаобиколен економски партнер на државите во светот.

Големиот интерес кој Кина го покажува за сурови материјали веќе подолго од десет години вбризгуваше огромни средства во економиите на Јужна Америка, Африка и Азија. Кина стана главна точка на економскиот просперитет за поголем дел на земјите во развој. Меѓутоа, бидејќи во Кина падна интересот за овие суровини, а глобалната побарувачка за нафта и основни намирници е задоволена, голем број економии во развој се соочија со кредитна криза, која за последица ги направи уште повеќе зависни од дарежливоста на Кина. Денешната доминантна позиција на Пекигн во поглед на економијата на големо ја надмина кинеската древна сфера на влијание во источна Азија.

Пекинг стигнува на помош

Фернандез де Киршнер, слично како и многу други светски лидери кои во изминатите неколку месеци ја посетија Кина, беше во итна мисија на повикување на поголеми кинески инвестиции во Аргентина, која во последно време не стои добро со економијата. Од почетокот на 21 век Аргентина од една должничка криза падна во друга, а последна таква епизода се случи во средината на 2014 година.

Во текот на тридневната посета на Пекинг, Фернандез де Киршнер енергично бараше кинеско партнерство во областа на обезбедувањето на енергија, производство и ископување на ресурси. Аргентинската претседателка побара помош од Кина во областа на резервите на нуклеарната енергија, како и во изградба на браните Нестор Киршнер и Хорхе Цеперник за хидроелектраните во Аргентина. Покрај енергетската криза која се заканува на оваа јужноамериканска држава, целта на посетата беше и да се бара максимална финансиска и технолошка помош од Кина за диверзификација на аргентинските енергетски ресурси. Исто така побара да се прошират кинеските инвестиции во домашната автомобилска и телекомуникациска индустрија, а за возврат нудејќи пристап до минералните ресурси како што се калиумот и литиумот.

Минатиот месец контроверзниот претседател на Венецуела Николас Мадуро мораше да отпатува во слична посета на Пекинг, барајќи потребна економска помош од Кина. Со оглед на тоа дека цената на нафтата падна во изминатите месеци, венецуелската економија, која најмногу зависи од нафтата, се наоѓа во големи проблеми, а на администрацијата на Мадуро и требаат дури 20 милијарди долари да ги покрие трошоците за моменталната фискална година.

Во периодот од 2007 година Венецуела позајмила 51 милијарда долари од Кина, правејќи ја Кина најголем кредитор за оваа јужноамериканска држава. По повеќегодишното лошо раководење и големите државни трошоци, Венецуела се соочи со огромен пад на својата валута, што доведе до колапс на увозот и голем недостиг на освовна стока.

Помалите јужноамерикански држави како што е Еквадор, уште еден бастион на популистичко-левичарска политика, во уште поголема мера станаа зависни од Кина, која во 2013 година покриваше дури до 60 отсто од трошоците на Еквадор – во замена за речиси 90 отсто нафта од оваа држава. Во 2010 година финансиската помош од Кина на Јужна Америка ја надмина финансиската помош од Светска банка, Интер-американската банка за развој и Експорт-импорт банката на САД заедно.

Опасност од богатството

Од 2001 година па наваму Кина вети над 600 милијарди долари помош на земјите во развој. Дури и руските нафтени компании, кои сеуште ги чувствуваат последиците од западните санкции поради украинската криза, мораа да позајмат 30 милијарди долари од Кина. Во изминатите неколку месеци Кина вети дополнителни 140 милијарди долари на цела низа глобални и регионални институции за финансирање и развој, кои се натпреваруваат со Советска банка и ММФ со кои доминира Западот.
Од 2008 година па до денес кинеските финансиски резерви дупло се зголемија, достигнувајќи износ од 4.000 милијарди долари. Мултимилијардерските кредити овозможуваат на Кина уште посилно да ги приграби државите богати со ресурси и својот имот да го направи разновиден со истражување на долгорочни инвестиции ширум светот. Со оглед на тоа дека кинескиот јуан се најде на петото место во светот како валута со која најмногу се тргува, следниот предизвик во следните децении за Пекинг е глобална валута како што се еврото и јенот.

Меѓутоа, кинеската пракса на позајмување на пари наводно без обврска креираше морален хазард, обесхрабрувајќи ги реформите и продолжувајќи го циклусот на лошо раководење со економијата и полудиктаторското лидерство на светските периферии. Каракас треба да врати 23 милијарди долари долг на Кина.

Пониските цени на нафтата оваа состојба дополнително ќе ја отежнат. Не е чудно што Мадуро се бореше да обезбеди било каков голем заем од Кина во текот на својата последна посета. Во следниот период Кина ќе биде под се поголем притисок да поставува повеќе услови при давање на кредити, за да не заврши со голем број на лоши должници и неповратно потрошени милијарди. Ова исто така значи дека Кина во се поголема мера ќе се однесува како традиционален кредитор каков што е Светска банка.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени