Владата во 2013 ќе покрива трошоци за патентирање

Од:

Во Буџетот за 2013 година ќе бидат обезбедени средства за покривање на трошоците за аплицирање за испитување патенти во меѓународни организации за пронајдоците во кои е вклучен барем еден странски иноватор, одлучи Владата на последната седница.

Како што појасни на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, одлуката е донесена во насока на поддршка на претприемништвото и иновациите, како модус за развој на бизнисите и подобрување на конкурентноста на компаниите.

– Министерството за економија ќе го определи учеството и во покривањето на трошоците за подмирување трошоци за организирање обуки на правни застапници за пишување и поднесување квалитетни меѓународни патент апликации, истакна Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка