СДСМ во централниот регион со граѓаните утврдува решенија на проблемите

Од:

Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ ги продолжи своите активности низ Македонија. Членови на Комисијата во Кавадарци, Неготино, Велес и Чашка остварија бројни средби со граѓани на коишто разговараа за социјалните проблеми со кои се соочуваат луѓето.

Кавадарчани се пожалија на непочитување на стандардите за безбедност и здравје при работа од страна на работодавците, што доведува до смртни случаи и повреди на работни мести. Велат дека Трудовата инспекција не ги штити работничките права.

Голем проблем за граѓаните на Кавадарци претставува и тоа што во тој регион нема шелтер центри за заштита на жртвите од семејно насилство и советувалишта за превенција и заштита од семејно насилство. Надлежните за овие проблеми ниту препознаваат семејно насилство, ниту реагираат навремено, зборуваа засегнати жители.

Во Неготино, граѓаните побараа изградба нови домови за стари лица и поголема грижа за старите и изнемоштени лица.

Во Велес, граѓаните говореа за лошата егзистенцијална состојба.

Во реонот на Чашка жителите немаат елементарни услови за функционирање: градинки во руралните средини, пристап до основни здравствени услуги.

На средбите со граѓаните, претставниците на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ ги објаснија мерките на СДСМ во делот на социјалната политика и заштита, но ги забележаа и конкретните проблеми, автентични за локалните средини, со цел доутврдување на начините и мерките за решавање на конкретните проблеми на коишто се жалат граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски