Акција за чистење на просторот во индустриската зона Визбегово

Од:

Денеска во организација на Градот Скопје и јавните претпријатија, а во соработка со Здружението на стопанственици на индустриската зона “Визбегово”, започна акција за чистење и уредување на просторот во оваа зона, покрај Јадранската магистрала (Качанички пат). На почетокот на оваа акција присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорите на јавните претпријатија “Комунална хигиена” и ”Паркови и зеленило”, Ракип Дочи и Душан Авировиќ, како и поголем број на претставници од Здружението на стопанственици на индустриската зона “Визбегово”.

Во акцијата за чистење и уредување на овој простор се вклучија со луѓе и механизација јавните претпријатија “Комунална хигиена”, ”Паркови и зеленило” и ”Улици и патишта”.

– Градот Скопје посветува големо внимание на индустриските зони во Скопје и оваа
акција произлегува од одличната соработка која ја имаме со Здружението на стопанственици на индустриската зона “Визбегово”. Ние редовно одржуваме состаноци со стопанствениците од сите индустриски зони во Скопје и ќе помагаме за нивниот развој во сите области кои се во наша надлежност. Денес и утре ја спроведуваме оваа акција за чистење и уредување на просторот покрај Јадранската магистрала, каде на терен се активирани три јавни претпријатија со повеќе од 120 луѓе и механизација, кажа градоначалникот Трајановски.

Потпретседателот на Здружението на стопанственици на индустриската зона “Визбегово”, Светлана Пљаковска кажа дека соработката со Градот Скопје е на високо ниво и изрази надеж дека вакви акции ќе се спроведуваат и во иднина.

Во индустриската зона “Визбегово” во моментов има над 250 компании, каде се вработени повеќе од 4000 лица и истата е најголемата индустриска зона во Скопје изградена со приватен капитал.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски