Аргентинските власти соопштија дека повеќе од 17.000 хектари земјиште е уништено во пожар во Патагонија, во јужниот дел на државата, кој беснее веќе неколку дена.
-Ова се најголем пожар кој некогаш ја зафатил Патагонија – наведуваат пожарникарите кои неколку дена се борат со пожарот кој што е предизвикан од гром.
Инаку гаснењето на огнот во кое се вклучени повеќе од 200 пожарникари, пет авиони и хеликоптер е отежнато поради силниот ветер. Патагонија е едно од најмалку населените подрачја на Аргентина.
Е. Г.