Иван Босилчиќ со „Пар стихови за нас“ на 7 март во Скопје

Од:

Српскиот актер Иван Босилчиќ на 7 март во Универзалната сала во Скопје по втор пат ќе одржи музичко-поетска вечер насловена како „Пар стихови за нас“.

По минатогодишниот настап, кој беше исто така организиран во пресрет на Денот на жената, Босилчиќ повторно ќе се претстави пред македонската публика со перформанс во кој ќе се испреплетуваат стиховите и музиката.

– Како по некоја традиција на дамите на 8 Март им го даваме најубавиот подарок, а тоа е Иван Босилчиќ, рече Влатко Плевнеш од музичката куќа „Силва Ва“, која е организатор на настанот.

Босилчиќ нагласи дека му е драго што повторно ќе настапи пред македонската публика.

– Моите колеги ме прашуваат што ќе им е една ваква претстава покрај сите оние во кои што настапувам, но едно е средбата преку екран, а мене ми е потребно да се сретнам лице во лице со народот, рече Босилчиќ.

Тој, како што рече, не сака да настапува во големи сали бидејќи неопходно му е да го види и последниот човек во редот во лице затоа што само така стиховите можат да се кажуваат.

Настапот на Босилчиќ во Универзална сала започнува од 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ