Втора рунда од преговорите меѓу САД и Куба

Од:

Кубански и американски официјални претставници ќе имаат денеска состанок во Вашингтон што е втора рунда од преговорите посветени на повторното воспоставување и нормализација на дипломатските односи.

Еднодневните разговори продолжуваат по одлуката од 17 декември за нормализација на односите вклучувајќи и отворање амбасади во двете држави и размена на затвореници.

Двете држави немаат дипломатски односи од 1961 година.

САД се надеваат на постигнување договор за повторно отворање амбасади до 10 април за кога е закажан регионален самит на шефови на држави во Панама.

На тој состанок можна е средба на Обама и Кастро и тоа би била нивна прва средба по историското објавување на договорот од декември лани.

Куба врши притисок врз САД пред официјалното објавување на дипломатските врски да ја симнат од листата на држави кои спонзорираат тероризам, ставена во 1982 година. Првата рунда од преговорите беше одржана минатиот месец во Хавана.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас