На денешната седница за советнички прашања, ќе го прашаме Коце Трајановски кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии, за барокен хотел на плоштадот, вели Драги Давчевски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.
Овие 150.000 евра, градот можеше да го искористи за да им помогне на поплавените ширум Македонија.
Со овие 150.000 евра можеше да се набават 6 нови специјални возила за лицата со хендикеп.
Чиј интерес брани Коце Трајановски со тоа што за прв пат во историјата простува комуналии за приватен комерцијален објект, хотел на приватен инвеститор?
Денеска Коце Трајановски ќе мора да одговори зошто и понатаму ја гази јасно изразената волја на граѓаните на Центар кои му кажаа силно НЕ на криминалниот проект Скопје 2014.
На минатата седница на Советот, Коце Трајановски ја подметна оваа одлука на советниците пред самиот почеток на седницата. Точката на дневен ред владејачкото мнозинство ја постави меѓу последните, за да се скријат од јавноста. А за време на дискусијата по точката, молчеа. Немаа што да кажат, немаа никакви аргументи.
Почитувани граѓани,
Залудни се овие подметнувања. Залудно е тоа што Трајановски се помалку присуствува на седниците на Советот. Залудни се доцните термини за почеток на седниците со 30 точки на дневен ред. Од одговорноста не може да избега.