Просечната нето плата во декември 22.407 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2014 година изнесувала 22.407 денари и во однос на декември 2013 е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „стручни, научни и технички дејности“ за 16,9 проценти, „градежништво“ за 11,5 проценти и „преработувачка  индустрија“ за 8,8 проценти. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите „стручни, научни и технички дејност, за 19,8 проценти, „трговија на големо и трговија на мало“, поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 проценти и други услужни дејности 9,7 проценти.

Во декември 2014 година бруто платата изнесувала 32.741 денар, а 1,2 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15