Делев: Ново решение за ОХИС – нема да се продава во целост

Од:

Нема заинтересирани компании кои би го презеле ОХИС во целост со долг од над 26 милиони евра и технологијата со која располага, а кој неколкупати се нудеше на продажба. Решение треба да се бара во насока на рестартирање на одредени друштва преку наоѓање деловни партнери.

Ова го истакна заменик-министерот за економија Кристијан Делев денеска, одговарајќи на пратеничко прашање на седница на Собранието на Република Македонија. 

– На ова прашање претходниот пат дадов многу детален одговор. Пак ќе повторам некои работи. Значи, ОХИС беше на продажба неколку пати. Со тие долгови, не се 20 милиони, туку над 26 милиони евра кои ги должи претпријатието и со таа технологија со која што располага нема заинтересирани компании кои би сакале да го преземат ова претпријатие во целост, рече Делев.

Тој додаде дека во ОХИС има 70 лица кои се директно ангажирани во фабриката, а оти бројката од 500 ја сочинуваат ангажираните лица во прифатните фирми кои го закупиле просторот во поранешен ОХИС.

Според него, најлогичното решение за ОХИС е на тие заинтерсирани компани кои имаат простории под закуп да им се дозволи да ги земат објектите и да ги рестартираат.

– Во целост ОХИС не може да функционира, најверојатно решението ќе биде во одредени друштва во рамките на ОХИС да бидат рестартирани односно да им се најдат партнери во некаква легална постапка, истакна Делев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница