(ВИДЕО) Шекеринска: Македонија може да се потпре на социјалдемократите и во Европскиот парламент

Од:

Денеска во посета на Република Македонија, на највисоко ниво, е делегација на Партијата на европски социјалисти, којашто ги обединува социјалдемократските, социјалистичките и лабуристичките партии од Европа.

Делагацијата ја предводи господинот Сергеј Станишев, претседателот на ПЕС. Во неа се претставници од неколку наши сестрински партии, од Велика Британија, од Италија, од Шведска, од Бугарија и други.

Разговаравме за политичката состојба во Македонија.

Ние се заблагодаривме за солидарноста којашто Партијата на европски социјалисти ја покажа и кон нашата држава и кон граѓаните, особено ставајќи акцент на квалитетот на демократијата и прашањето на слободите и правата на македонските граѓани.

Денеска разговаравме на таа тема, кои се проблемите и кои се можните решенија.

Сакам со задоволство да кажам дека европската левица, социјалдемократите, и во Европскиот парламент, секогаш биле, и убедена сум, ќе продолжат да бидат најсилните поддржувачи на европските аспирации на Република Македонија.

Во овие моменти на криза, Македонија може да се потпре на социјалдемократите и во Европскиот парламент и во земјите членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет