Поранешниот египетски премиер Ахмед Назиф, кој беше на функција во периодот 2004-2011, беше ослободен од затвор денеска, јави ТАСС.
Тој беше ослободен, откако плати над 1,1 милиони египетски фунти (над 150.000 долари), т.е. ја обнови вредноста на подароците добиени од него и сопругата од издавачката куќа „Ал Ахрам“.
Вчера Назиф и вицепремиерот во неговиот кабинет Хабиб ал Адли беа ослободени на повторниот процес по обвинение за корупција.
Кривичниот суд во Каиро го прогласи за невин за незаконско збогатување и присвојување државни средства.
Ахмед Назиф беше меѓу првите уапсени по бунтот, што доведе до падот на Хосни Мубарак од власт на почетокот на 2011 година.